165
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека нема да се постигне целта за испорака на милион парчиња муниција во Украина.
Тој додаде дека членките на ЕУ работат заедно со воената индустрија на зголемување на производството, пренесува „Ројтерс“.
„Сосема е сигурно дека нема да бидат достигнати милион куршуми“, изјави тој за новинарите пред министерскиот состанок на ЕУ во Брисел.