Писториус: Германија нема да испраќа борбени авиони во Украина

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека специјалниот одбранбен фонд од 100 милијарди евра повеќе не е доволен за покривање на потребите на германските одбранбени сили.

Во интервју за „Зидојче цајтунг“ објавено денеска, тој рече дека и Германија ќе мора да ги зголеми годишните редовни трошоци за одбрана од сегашното ниво од околу 50 милијарди евра, пренесе Ројтерс.

Германија, исто така, треба да ги надополни залихите на воен хардвер, вклучително и замена за 14 тенкови „Леопард“ што Берлин се согласи да ги испрати во Киев за да и помогне на Украина во војната против Русија.

Писториус наведува дека одлуката на Германија да ја прекине задолжителната воена служба во 2011 година била грешка, велејќи дека се двоуми да ја врати таа обврска, но дека е отворен за дискусии за нов модел за зајакнување на односите меѓу граѓаните и државата.

Тој додава дека Германија нема да испраќа борбени авиони во Украина, откако Берлин одобри испорака на тенкови „Леопард 2“.

„Ловците се многу посложени системи од главните борбени тенкови и имаат сосема различен дострел и огнена моќ“, рече Писториус.

Слични содржини