Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека не знае за барањето Украина да прими американски и германски тенкови истовремено.
Тој го изјави ова пред денешниот состанок на кој ќе се разговара за идните испораки во Киев, пренесе Ројтерс.
Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц досега не одобри извоз на тенкови „Леопард“ од германско производство за помош на Украина, а извори велат дека Берлин би испратил доколку Вашингтон се согласи да ги испрати своите тенкови „Абрамс“.