Писториус: Не знам за барањето Украина да добие и американски и германски тенкови

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека не знае за барањето Украина да прими американски и германски тенкови истовремено.

Тој го изјави ова пред денешниот состанок на кој ќе се разговара за идните испораки во Киев, пренесе Ројтерс.

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц досега не одобри извоз на тенкови „Леопард“ од германско производство за помош на Украина, а извори велат дека Берлин би испратил доколку Вашингтон се согласи да ги испрати своите тенкови „Абрамс“.

Слични содржини