Германскиот министер за одбрана Борис Писториус на прес-конференцијата по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград истакна дека дијалогот за нормализација на односите со Косово треба да продолжи и додаде дека Србија и Косово мора да ги спроведат договорите, како и дека е потребна целосна истрага за настаните од 24 септември, јави дописникот на МИА од Белград.
-Спорните прашања на Косово треба да се решаваат со дијалог, со тоа што мора да се дадат преодни периоди во процесите кои се однесуваат на животите на луѓето, изјави Писториус.
Тој рече дека за време на неговата посета на Косово повикал на дијалог и дека бил јасен дека мора да се преземе секоја легитимна мерка за никој да не претрпи штета и да постојат преодни периоди, без влошување на ситуацијата.
-Затоа е важно намалувањето на единиците на Косово, како и Србија да ја продолжи истрагата за Бањска, рече германскиот министер.
Тој додаде дека дијалогот за нормализација под посредство на ЕУ треба да продолжи со посветеност поради приближувањето на ЕУ.
-Договорените договори мора да продолжат и да се спроведуваат и благодарен сум на претседателот и тој ме увери дека не треба да очекуваме негативно влијание од Србите што нема да ја загрози стабилноста во регионот, рече Писториус.
Тој рече дека разговарале и за Република Српска и дека ќе се залага за интегритетот на таа територија.
-Единствени сме во тоа да со ескалација може да има штета. Мудроста во политичкиот живот е дека мора да се направат компромиси и да се надмине минатото и да се спречи ескалација и тензии. Насилството и заканите не се средство за политичко условување, рече тој.
Тој рече и дека се разговарало за неодамна одржаните избори и дека го чека извештајот.
-Што се однесува до изборите, задоволен сум што претседателот рече дека е подготвен да ги прифати препораките на меѓународните организации за подобрување на изборниот процес, рече германскиот министер.