425
Режисерот на „Господарот на прстените“, Питер Џsексон, го даде првиот увид во неговиот претстоен документарец за Битлси. Со наслов „The Beatles: Get Back“, документарниот филм го следи периодот на претпоследниот албум „Let It Be“ во 1970 година.
Џексон доби дозвола да погледа во 55 часа никогаш објавени снимки и 140 часа аудио записи, кои потоа ги рестарвираше со употреба на истите техники развиени за неговиот реномиран документарец од Првата светска војна “They Shall Not Grow Old”.
Документарецот на Џексон треба да се појави во кината на 27 август 2021 година.
Со цел да се совпадне со неговата премиера, се очекува и обновена верзија на оригиналниот филм „Let It Be“ во режија на Мајкл Линдзи-Хог.