Добро упатен извор тврди дека искусниот дипломат Фејт, кој во 2001 година доживеа слична судбина, бил грубо одбиен и безмалку бил избркан од кабинетот на министерот за надворешни работи, Никола Поповски. Разговорот меѓу Фејт и министерот бил непријатен и иницијативата завршила неуспешно.
Фејт сега е ангажиран во невладина организација која се занимава со менаџирање на кризи. По војната во 2001 година, кога беше посредник во Македонија заедно со познатите дипломати Хавиер Солана, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, Фејт беше и меѓународен цивилен претставник на Косово, чија задача беше спроведување на планот на Марти Ахтисари
