Остатоци од жена се пронајдени во питон долг 6,7 метри во Индонезија, изјави полицијата за индонезискиот CNN. Огромната змија цела ја проголтала 54-годишната жена, идентификувана како Јахрах.
Потрагата по жената е започната откако во неделата не се вратила од плантажата во провинцијата Џамби. Нејзиниот сопруг ја пребарал областа и ги нашол само женските сандали, јакна, шал и нож, изјавил началникот на полицијата, пренесува New York Post.
Сопругот утредента се вратил на истото место и налетал на огромна змија чија среден дел бил потечен, па се видело дека изела нешто големо, соопшти полицијата.
Полицијата вели дека змијата најверојатно ја каснала жената, а потоа ја задушила завиткувајќи се околу неа пред да ја проголта. Тие проценуваат дека веројатно биле потребни најмалку два часа.
Полицијата вели дека мештаните се загрижени дека во шумата има уште поголеми змии од овој питон.