Веганите и строгите вегетаријанци наскоро ќе можат да испијат една голема кригла темно пиво “Гинис”, откако брендот соопшти дека ја укинува употребата на рибен желатин во технологијата на производство.
Британскиот гигант Diageo најави дека култниот пијалок во Даблин ќе престане да користи рибја внатрешност во процесот на варење. Пивото “Гинис” беше длабоко критикувано за тоа што користи рибен желатин во филтрирањето на пивото.
“Започнавме проект за нова технологија”, изјави портпаролката на брендот за АФП. Според неа иницијативата за промената е комплексен проект и ќе бара месеци работа, претстои и тест пред пивото да настапи во продажба.
Марката се надева дека новата технологија ќе биде завршена до крајот на 2016 година, а килибарната течност, погодна и за вегани, ќе биде на полиците наскоро потоа. Рибиниот желатин широко се користи во подготовка на индустријата како средство за филтрирање.