143
Владимир Пивоваров национален координатор за гранично управување во емисијата 24 Отворено на Тв 24 рече дека сегашната состојба на Балканот трае со години.
– Тоа е силен сигнал дека Балканот гледа кон иднината и делбите и имаме добри ветришта и Балканот е изморен од децениските војни. Ова е вистинскиот пат кон кои одат државите и економијата ќе ги зближи и тогаш ќе има малку простор да се заговара војна. Последните рекции на ЕУ и САД кон партнерите во билатералните односи на Србија и Косово, укажува дека се праќаат смирени тонови и се оди по дипломатски пат и верувам дека ќе преовладува разумот. – вели Пивоваров.