Пјонгјанг: Украина нема право да го покренува прашањето за суверенитетот

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Украина нема право да го покренува прашањето за суверенитетот откако се приклучи кон „неправедните и незаконски“ акции на Соединетите Американски Држави, кои го нарушија суверенитетот на Северна Кореја, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на таа земја.

„Украина нема право да го доведува во прашање или оспорува нашиот суверенитет откако се покажа неправедна кога активно се приклучи на незаконската и непријателска политика на САД. Ќе продолжиме да го зајакнуваме и развиваме пријателството и соработката со сите земји кои го почитуваат нашиот суверенитет и се однесуваат кон нас поволно со принципите на еднаквост, немешање во внатрешните работи и взаемно почитување“, соопшти севернокорејското министерство, пренесе „Ројтерс“.

Севернокорејските државни медиуми ја објавија изјавата на министерството откако земјата официјално ги призна самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република, кои Русија ги третира како независни држави, пренесува „Ројтерс“.

По тој потег, Украина ги прекина дипломатските односи со Северна Кореја, оценувајќи го како обид за поткопување на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.

Слични содржини