ПЛАН ЗА НОВ КАДАР СЕ УШТЕ ПОСТОИ: Германија нема да воведе воен рок по стариот модел

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Германската влада неma план повторно да го воведе воениот рок како што постоеше претходно, рече канцеларот Олаф Шолц. Тоа, додаде тој, никогаш не бил план на министерот за одбрана Борис Писториус, пренесe dpa.

Идејата е да има повеќе млади луѓе во Бундесверот, германската армија, рече Шолц во четвртокот вечерта во Ерфурт.

„Во ниту еден момент (Писториус) не предложи да ја вратиме војската што ја имавме во 1980-тите“, рече Шолц.

„Тој никогаш не го имал тоа на ум. Модели има многу, а Писториус ќе претстави еден специфичен. Тоа нема апсолутно никаква врска со бројката за која се шпекулира“, истакна канцеларот.

„И ние имаме толку многу млади луѓе, од кои сигурно секогаш ќе има доволно – за оваа мала бројка за која зборуваме овде“.

Запрашан за стравувањата од војна во Германија, Шолц рече дека политиката на владата е да обезбеди никој да не се осмели да го нападне НАТО и да не избие војна.

„Опасноста треба да се сфати сериозно, но сигурно ништо нема да се случи во блиска иднина“, рече тој. „И ние имаме таква политика тоа да не се случи“.

Слични содржини