Планирана евакуација на повеќе од 50.000 луѓе во Херсон

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Во Херсон е планирана евакуација на повеќе од 50.000 луѓе, а во моментов се прават напори луѓето од десниот брег на реката Дњепар во областа Херсон да се префрлат на левиот брег на реката, соопштија денеска проруските власти.

Властите во Херсонската област планираат привремено да преселат меѓу 50.000 и 60.000 луѓе од десниот брег на реката Дњепар на левиот брег или во други руски региони, изјави денеска вршителот на должноста гувернер Владимир Салдо, пренесува ТАСС.

Заменик-шефот на руската администрација во Херсон, Кирил Стремусов, изјави дека битката за Херсон ќе започне во блиска иднина.

Слични содржини