Цените на суровата нафта паднаа во средата на меѓународните пазари под 86 долари под влијание на информациите дека ценовнниот лимит на руската нафта, планирана од групата Г7, треба да биде повисока од нејзината моментална пазарна цена.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 2,82 долари пониска во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 85,54 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 2,62 долари, од 78,33 долари.
„Денеска пазарот се фокусираше на информациите дека „лимитот за цената на руската нафта на состанокот на Г7 може да се постави над нивото на кое таа моментално се тргува“, изјави Џовани Стауново од UBS.
Групата од седум најразвиени земји во светот сака да ја ограничи цената на барел руска нафта испорачана со бродови во опсег од 65-70 долари, изјави неименуван европски претставник.
На пазарите на северозападна Европа, барел руска нафта од Урал моментално изнесува 62 до 63 долари, а на медитеранскиот пазар околу 67 до 68 долари, покажуваат податоците на Рефинитив.
Висок функционер на американското Министерство за финансии во вторникот рече дека лимитот најверојатно ќе се прилагодува неколку пати годишно.
Информациите беа поврзани со загриженоста за побарувачката во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта, поради новиот бран на инфекции со Ковид 19. Доцна во вторникот, Шангај ги заостри мерките за сузбивање на КОВИД.
Тежина е и оценката на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) дека растот на светската економија треба силно да забави во следната година.
„Добрата вест е што ОЕЦД не предвидува глобална рецесија“, рече аналитичарот Тамас Варга од PVM Oil Associates.
Вниманието на пазарот сега е свртено кон вечерашното објавување на записниците од ноемврискиот состанок на американската централна банка, барајќи навестувања за можен пад на активноста или дополнително зголемување на каматните стапки, рече Варга.
Во посебен извештај, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) објави дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во вторникот поскапе за 2,02 долари на 86,20 долари.