337
Пласидо Доминго итно бил префрлен во болница откако здравствената состојба му се влошила. Шпанскиот оперски пејач пред две недели дозна дека има корона. Сега се бори во билница во познатото мексиканско одморалиште, Акапулко.
Доминго пред една недела на социјалните мрежи објави дека е во самоизолација бидејќи резултатите биле позитивни. Првите симптоми започнал да ги покажува два дена по летот за Мексико, на 13 март.
Мексичките медиуми јавуваат дека ја поминал критичната фаза на вирусот и дека се опоравува. Неговиот портпарол исто така потврдил дека Пласидо ноќеска бил стабилен.
– Ќе остане во болница се додека докторите сметаат дека е потребно – додал портпаролот.