Пласирањето нафта од стратешките резерви ги намали цените

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Светските цени на нафтата денеска продолжија да се намалуваат, под влијание на најавата на водечките земји-потрошувачи дека ќе ослободат големи количини од стратешките резерви, како и поради продолжувањето на ограничувањата за коронавирусот во Кина, кои предизвикуваат загриженост поради кинеската побарувачка за „црното злато“.

Фјучерсите на нафтата Брент, или купување по цена договорена денеска за испорака во наредните месеци, паднаа за 2,2 отсто на 100,50 долари за барел, а американската нафта WTI потона за 2,4 отсто на 95,92 долари за барел.

„Цените беа првенствено погодени од лошите вести од Кина, бидејќи бројот на случаи продолжува да расте. Мерките за заклучување, кои го кочат растот на побарувачката за нафта во Кина, вториот најголем потрошувач во светот, се закануваат да траат уште подолго“, изјави за „Блумберг“ Барбара Ламбрехт, аналитичар во германската „Комерцбанк АГ“.

Слични содржини