Платата на принцот од Велс била одредена уште во 14. век

од Nikola Popovski
376 прегледи

Неодамна беше објавен финансискиот извештај на британското кралско семејство во кој е откриено колку Вилијам, принцот од Велс зема годишна плата. Според споменатиот извештај, Вилијам добива годишна плата од речиси шест милиони фунти.

Неговите приходи биле регулирани уште во 1337 година со Големата повелба на кралот Едвард III, со која кралот ги оставил приходите од Војводството Корнвол на својот најстар син и наследник. Накратко, пред 700 години, титулата Принц од Велс доаѓа со голема финансиска придобивка, а така е и денес.

За да не испадне дека најважната титула на идниот крал се однесува на еден дел од Обединетото Кралство, Велс, и дека тој зема плата од друго војводство без разлика, договорено е титулата војвода од Корнвол да оди рака под рака со титулата наследник на тронот. Платата се собира од годишниот нето приход од имоти, инвестиции, како и од изнајмувањето имот во сопственост на Круната од целото војводство. Истото правило важело и за кралот Чарлс кога бил принц.

Голем дел од трошоците на кралското семејство се покриваат од џебовите на даночните обврзници, а оваа давачка се нарекува државна поддршка, пренесува „UsMagazine“. Минатата година им биле исплатени 86,3 милиони фунти, што значи дека кралското семејство го чини секој даночен обврзник 1,29 фунти годишно.

Сепак, само принцот од Велс има право на профитабилен приход од Војводството Корнвол. Принцот Вилијам на тој начин ги финансира животните трошоци на неговото семејство, неговата сопруга Кејт, принцезата од Велс и нивните три деца: деветгодишниот Џорџ, осумгодишната Шарлот и петгодишниот Луис.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Слични содржини