Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски се сретна со рурални жени членки на НФФ. На денешната средба министерот ја објасни програмата за мајчиниство со која е уредена мерката за жените земјоделки кои ќе можат да користат платено отсустсво за мајчинство. За прв пат во историјата на државава, жените земјоделки ќе можат да користат платено отсустсво за мајчинство. Целната група која ќе ја имаа оваа поддршка се жените кои имаат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои жени законите од областа на работните односи не ги препознаваат како лица во работен однос поради што не можат да остварат платено породилно отсуство.
Министерот Николовски ги информираше дека со програма за мајчинство ќе се овозможи еднократен надоместок за мајчинство во износ од 81.000 денари наменети за жени кои родиле дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 и при тоа ги исполнила условите пропишани во програмата.
Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство, семејно земјоделско стопанство во кое членува да остварило финансиска поддршка согласно програмата за финасиска подршка во земјоделството за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари и да има непрекинат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето.
Освен програмата за породилно отсуство, министерот Николовски ги информираше жените земјоделки за сите можности кои ги нуди Министерството со новите мерки и програми. Тој потсети дека веќе неколку години успешно се реализира мерката „Рурална жена”. Успехот на мерката и интересот кој го покажаа жените земјоделки, а со тоа искажаа огромна доверба кон Министерството, беше мотив да ja зголемиме поддршката двојно повеќе, односно од 3000 на 6000 евра. Ваква поддршка со грант од 6000 евра, минатата година добија 70 жени земјоделки за набавка на опрема.
Од оваа година за прв пат се воведува Програма за финансиска поддршка на мали производители на храна, со тоа се отвара уште една нова можност за жените земјоделки да аплицираат за грант до 600.000 денари за поддршка во набавка на опрема за производство, пакување и продажба од праг.
Исто така со Програма за финасиска поддршка на мали семејни винарии и поддршка за мали дестилерии, се отвара можност жените земјоделки да може да аплицираат за грант до 600.000 денари за набавка на опрема за производство и пакување за мали семјени винарии со капацитет до 50.000 литри и за мали дестилерии со која обезбедуваме поддршка до 300.000 денари по корисник за поддршка при набавка на опрема за производство на жесток алкохолен пијалок.
Во 2023 година жените земјоделки исто така ќе имаат можност на повик отворен во текот на целата година сами да одберат за каква инвестиција ќе аплицираат, се што треба да направат е да подготват бизнис план и со него да аплицираат за грант до 600.000 денари.
Жените земјоделки имаат многу нови можности за развој на производството, кои очекуваме успешно да се реализираат во текот на годинава.