Платформата Х обвинета за помагање на Саудиска Арабија во кршење на човековите права

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Социјалната платформа X (Твитер) е обвинета во ревидираната граѓанска тужба на САД дека ѝ помогнала на Саудиска Арабија да изврши сериозни прекршувања на човековите права против своите корисници, вклучително и откривање доверливи податоци за корисниците на барање на саудиските власти многу повеќе отколку што тоа го правела за САД, Велика Британија или Канада.

Минатиот мај, Ареј ал Садан, сестра на саудиски хуманитарен работник кој исчезна и беше осуден на 20 години затвор, поднела тужба против платформата X (Твитер), објави британскиот весник „Гардијан“.

Тужбата се фокусира на настаните околу инфилтрацијата во компанијата со седиште во Калифорнија од страна на тројца саудиски агенти, од кои двајца се претставувале како вработени на „Твитер“ во 2014 и 2015 година, што на крајот довело до апсење на братот на Ал Садан, Абдулрахман и откривање на идентитетот на илјадници анонимни корисници на Твитер, од кои некои подоцна наводно биле приведени и измачувани.

Слични содржини