Платформата WhatsApp казнета со 5,5 милиони евра

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Платформата WhatsApp на „Мета“ денеска беше казнета со 5,5 милиони евра од ирскиот комесар за приватност на податоците (DPC) поради дополнително прекршување на законот за приватност на ЕУ.

DPC, кој делува како водечки регулатор за приватност на ЕУ за „Мета“, соопшти дека WhatsApp мора повторно да процени како ги користи личните податоци за да ги подобри своите услуги, објави „Ројтерс“.

Одлуката уследи по сличните наредби издадени овој месец за главните платформи на „Мета“, Фејсбук и Инстаграм, да ја преоценат правната основа за рекламирање преку употреба на лични податоци.

Слични содржини