Платформата за превоз „Убер“ казнета со 290 милиони евра

од Milan1
17 прегледи

Холандија ја казни платформата за превоз „Убер“ со 290 милиони евра поради кршење на правилата за заштита на податоците. „Убер“ е казнет поради испраќање на лични податоци на европските таксисти во САД, што претставува сериозно кршење на Општата уредба за заштита на податоците (ГДПР).

Американската мултинационална компанија која обезбедува услуги за такси и карго транспорт, испорака на храна и курирска услуга не ги заштитила соодветно податоците.

Во Европа, ГДПР ги штити основните права на луѓето бидејќи бара од деловните субјекти и владите да постапуваат со личните податоци со должно внимание. За жал, тоа не е очигледно надвор од Европа. Во текот на две години, чувствителни информации беа префрлени во САД, вклучувајќи детали за банкарски сметки, локации, фотографии, лични документи и други податоци. Ова е сериозно кршење на ГДПР, изјави директорот на холандскиот регулатор за заштита на личните податоци (ДПА), Алеид Волфсен.

ДПА третпат го казнува „Убер“ – во 2018 година казнета изнесуваше 600.000 евра, а во 2023 година 10 милиони евра.

„Убер“ најави жалба на одлуката на ДПА.

Слични содржини