Креаторите на содржини на Instagram добиваат друг начин да заработат приход од платформата со претплата. Мал број инфлуенсери во САД моментално имаат пристап до оваа функција бидејќи Instagram сè уште ја тестира.
На почетокот, тие ќе можат да стават некои стримови и приказни зад „ѕидот за наплата“ (paywall). Тие приказни, кои можат да се зачуваат само за претплатници, имаат виолетов прстен за да се истакнат, изјави шефот на Instagram, Адам Мосери.
Како и со Twitch и YouTube, претплатниците ќе добијат виолетова значка до нивните кориснички имиња. Креаторите може да ја видат значката во коментари, пораки и на други места. Како такви, тие ќе можат да посветат поголемо внимание на претплатниците, доколку сакаат, пренесе Engadget.
🎉 Subscriptions 🎉
Subscriptions allow creators to monetize and become closer to their followers through exclusive experiences:
– Subscriber Lives
– Subscriber Stories
– Subscriber BadgesWe hope to add more creators to this test in the coming months. More to come. ✌🏼 pic.twitter.com/SbFhN2QWMX
— Adam Mosseri (@mosseri) January 19, 2022
Мосери, исто така, рече дека неговиот тим работи на начини како креаторите да ги извезат нивните списоци со претплатници и „да ги пренесат од Instagram на други апликации и веб-страници направени од други компании“.
Креаторите ќе можат да постават месечна цена по свој избор, а следбениците ќе можат да се претплатат преку копче на нивниот профил. Instagram планира да го прошири тестот на повеќе креатори во наредните месеци, а матичната компанија Меtа претходно соопшти дека нема да земе дел од заработката на креаторите барем до 2023 година.