PlayStation 4 – место за бирање на џихадисти

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Италијанската влада ќе ја следи комуникацијата која се остварува преку разговор услугата на гејминг конзола PlayStation 4, соопштува “Индипендент”. Министерот за правда Андреа Орландо изјави за  локалниот печат дека системот за пораки на гејмерски машината може да се користи од страна на терористи при планирањето на напади.

4533911

Владата планира да инвестира 150 милиони. Евра во наметнување на нови мерки за информациска безбедност до крајот на годината. “Интернетот нуди бројни можности за комуникација и анти-терористичките истраги покажаа дека PlayStation исто е употребено средство, па било каква форма на комуникација треба да биде следена”, рече Орландо.

Два дена по координираните напади во француската престолнина Париз на 13 ноември, министерот за внатрешни работи на Белгија, Жан Жамбон изјави дека разузнавачките служби откриле сокриен канал за бирање на џихадисти во конзола.

4533912

Во моментов италијанските органи на редот се подготвуваат напорно за почетокот на “јубилејната година” на Ватикан, која почнува на 8 декември. Се очекува 25 милиони католици да патуваат до Рим во потрага по простување на гревовите во т.н. Света година на милосрдието, која папата Фрањо објави порано во 2015. На денот по париските напади, Италија соопшти дека ќе ангажира дополнително 700 војници за време на дообработка на настанот