Плаза: Дојдов во соба полна со мажи и го прашав режисерот што да правам, ми рече – мастурбирај

од Stefanija Kuzmanovska

Обри Плаза во повторно објавено интервју од 2013 година тврди дека режисер ја принудил да мастурбира пред камерите во соба полна со мажи, пишува Page Six.

Плаза се појави во шоуто на Конан О’Брајан во 2013 година за да ја промовира неверојатната романтична комедија на Меги Кери, „The To Do List“, која го следеше средношколскиот лик на актерката додека таа настојуваше да „сработи некои работи“ пред да замине на колеџ.

Кога водителот Конан О’Брајан ја прашал својата гостинка за сцената во која таа мастурбира, Плаза тврдела дека Кери, поранешната сопруга на Бил Хејдер, побарала од неа да се впушти во споменатиот чин.

– Во сценариото прочитав дека „Бренди мастурбира“, објаснила тогаш 38-годишната ѕвезда на „Белиот лотос“.

– Во мојата глава замислив прекрасна сцена во која може да се види само мојата рака како полека излегува од кадарот. Меѓутоа, кога се појавив, камерата беше поставена на таванот, се присети Плаза, велејќи: Бев во долна облека и маица на Бил Клинтон, а имаше еден куп старци кои пушат цигари, знаете, момци од филмската екипа.

Видно вознемирена го прашала режисерката што да прави. Таа добила едноставен одговор – „мастурбирај“.

– И да, почнав да се допирам, објаснила Обри Плаза.

Пред десет години, среде промоција на филмот, Плаза на американските медиуми им објасни дека „сцената со мастурбација барала најмногу нерви“ за неа, додека режисерката не го коментирал снимањето на оваа сцена.

Слични содржини