176
Плажите во украинскиот приморски град Одеса летово ќе останат затворени поради опасност од мини, изјави денеска шефот на регионалната воена управа на Одеса, Максим Марченко.
„Нашата главна задача е да ги спасиме животите на луѓето. Затоа заедно со градскиот совет на Одеса беше донесена одлука плажите да останат затворени“, рече Марченко во видеото објавено на Телеграм, пренесува ТАСС.
Марченко вели дека веќе има неколку смртни случаи предизвикани од пловечки мини и дека овие трагедии се случиле „како резултат на игнорирање на безбедносните барања и барањата на администрацијата“.