Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ објавил дека земјата нема да престане да ја користи вакцината АстраЗенека против коронавирус, без оглед на тоа што Европската медицинска агенција ја утврдила нејзината поврзаност со појавата на згрутчување на крвта.
„Факт е дека имало голем број случаи каде е воспоставена можна врска помеѓу оваа вакцина и некои несакани ефекти, но позицијата на ЕМА е дека придобивките ги надминуваат ризиците и затоа нашиот Институт за јавно здравје верува дека имунизацијата со АстраЗенека може да продолжи, а владата ќе го почитува тој став“, рече Пленковиќ, а пренесува хрватски „Индекс“.
Тој посочил дека фактот дека вакцината АстраЗенека е најевтина на пазарот нема никаква врска со нејзиниот квалитет.
„Вакцината штити од смрт и хоспитализација, таму ништо не се смени. Кога вакцината против коронавирус е откриена толку брзо, нормално е да се појават несакани ефекти кога се вакцинираат милиони луѓе“, изјавил Пленковиќ.
Хрватска нарача најмногу вакцини од компанијата Астразенека, а Планковиќ рече дека ќе продолжат да се бараат можности за набавка од други производители.