Пленковиќ: Нема шанси вакцинацијата да биде задолжителна

од Nikola Popovski

„Нема теоретски шанси вакцинацијата да биде задолжителна“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

„Важно е да се охрабрат луѓето да се вакцинираат. Ние сме туристичка земја, мора да ги охрабриме луѓето да дојдат во Хрватска и да останат во Хрватска и да бидат сигурни дека нема да се заразат тука. Видовме дека по таа објава, имаше зголемување на вакцинираните со првата доза “, вели Пленковиќ, пренесува хрватски „Индекс“.

Тој додава дека разговорите со социјалните партнери ќе продолжат. „Мислам дека најдовме добар модел“, рече тој.

Пленковиќ беше прашан дали во моделот ќе биде вклучен јавниот сектор.

„Мислам дека тие неодамна собраа податоци во сите оддели, има оддели каде состојбата е многу добра. Се работи за поддршка, не дали некој работи во јавен или приватен сектор“, рече тој.

Слични содржини