Пленковиќ: Геноцидот во Сребреница никогаш не смее да се заборави

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Геноцидот во Сребреница никогаш не смее да се заборави или да се дозволи да се повтори, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на 28-годишнината од масакрот на 8.000 мажи и момчиња Бошњаци.

„Со чувство на длабока почит кон жртвите и нивните семејства, се сеќаваме на геноцидот во Сребреница во кој беа егзекутирани повеќе од 8 илјади невини бошњачки мажи и момчиња“, рече хрватскиот премиер.

 

„Никогаш не смееме да ги заборавиме нивните страдања или да дозволиме такво зло да се повтори“, нагласи тој.

Денеска се навршуваат 28 години од геноцидот во Сребреница извршен од босанските Срби врз заробените мажи Бошњаци.

„Геноцидот во Сребреница е една од најтемните страници на европската историја и Европа се сеќава на својата одговорност и неуспехот да ги заштити жртвите“, изјавија вчера во заедничка изјава високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Слични содржини