Пленковиќ изрази жалење за трагичниот инцидент во Загреб

од Илинка Илиоска
641 прегледи

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска изрази жалење поради тоа што утринава маж се самозапали на плоштадот Свети Марко, во близина на седиштето на Владата и Собранието.

„Очекуваме дека надлежните служби кои веднаш реагираа ќе продолжат да известуваат за овој настан во јавноста“, изјави Пленковиќ на новинарите во Загреб.

Тој изрази жалење до семејството на тој човек кој е во болница и чиј живот е во опасност.

Пленковиќ рече дека е премногу рано да се коментира нешто: „Не ги знаеме мотивите или нешто друго“.

Хрватското здружение на новинари ги повика медиумите да не објавуваат, односно да ги повлечат фотографиите на кои се гледа лицето кое се самозапалило.

Слични содржини