251
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска по средбата со премиерката на Србија Ана Брнабиќ оцени дека отворените прашања меѓу двете земји треба да се решаваат со дијалог.
„Во дијалог треба да продолжиме да ги решаваме отворените прашања и да ја подобруваме економската, транспортната и енергетската соработка. Се грижиме за заштита на хрватското малцинство во Србија, како и на Србите во Хрватска“, напиша Пленковиќ на Твитер.
Премиерот на Хрватска денеска во Загреб го прими премиерот на Србија кој допатува на Големото собрание на Српскиот национален совет.
Предвидено е пред учесниците на состанокот да се обратат премиерите на двете земји.