Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Атина разговарал со домаќинот Киријакос Мицотакис за уапсените навивачи на Динамо и нередите во Грција.
„Нашиот став е јасен, остро го осудивме хулиганството и изразивме жалење за загубата на живот, се спротивставуваме на насилството на навивачите“, рече премиерот на почетокот на изјавата во Атина.
„Грчкиот премиер рече дека може да ја гарантира безбедноста на приведените хрватски граѓани во грчки притвор, ние баравме да имаат фер процес, правично судење, трето, баравме одговорните за прекршоци да се вратат во Хрватска и четврто, рековме дека Република Хрватска е подготвена да спроведе надзор и мерки на претпазливост во случај некој наш државјанин да биде испратен во нашата земја додека трае постапката во Грција“, рече тој, пренесува „Дневник“.