За утре во Ректоратот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ се закажани разговорите за реформата во високото образование на која освен претставниците на Ректоратот и на Министерството за образование ќе учествуваат и претставници на Студентскиот и Професоркиот пленум.

Оваа средба првично беше закажана минатиот понеделник, но студентите бараа за универзитетските прашања да се расправа на академско тло. Таа средба беше откажана.
Во меѓувреме Студентскиот пленум објави известување во кое соопштува дека бојкотот на наставата е успешно спроведен низ целиот Универзитет. Ви го пренесуваме интегрално.
Во текот на денот, бојкот на настава се случи на Педагошка академија, Ликовна академија, Шумарски факултет, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Природно математички факултет, Земјоделски факултет, Архитектонски факултет.
На Факултетот за драмски уметности, по иницијатива на студентите, уште од почетокот на прогласување на Автономната зона на ФЗФ/ФЛФ, во знак на поддршка не се реализира настава.
На Правен факултет веќе два дена, се случуваат предавања како дел од алтернативниот курикулум кој го организираат студентите од Правен факултет.
Во тек е сè уште и автономната зона на ФЕИТ/МФ, како и бојкотот на наставата на ФИНКИ и ТМФ!