Нови фотографии на Плутон, испратени од сондата New Horizons, ги импресионираа научниците не само со неверојатните величествени замрзнати планини и потоци од замрзнат азот, но исто така и со многу добро познатиот арктички изглед, забележува на својот сајт НАСА.
Вселенскиот брод New Horizons започна на 5 септември да обезбедува огромна количина материјали собрани за време на долгото патување до работ на Сончевиот систем. Сондата New Horizons беше лансирана на 19 јануари 2006 година. Нејзината главна задача е истражувањето на Плутон и неговите сателити Харон, Никта и Хидра.
Апаратот се доближи до Плутон со минимална оддалеченост во јули 2015 година и `и предаде на Земјата серија на уникатни слики и информации, кои за прв пат дозволија да се изучи подробно Плутон. Специјалистите велат дека 95% од податоците добиени преку научната сонда, сè уште не се симнати од носителите и дека тоа ќе трае околу една година.