По 10 месеци пекол и затвор во Русија, Гринер се врати на терените

од Vladimir Zorba

Американската кошаркарка Бритни Гринер се врати на теренот во дресот на Феникс Меркјури.

Таа потпиша нов договор со трикратниот шампион на ВНБА, два месеци по враќањето во својата земја од Русија.

Во Русија, таа помина десет месеци во притвор под обвинение за поседување на концентрат од марихуана во патрони за електронски цигари.

Поради ова, таа во Русија беше осудена на девет години затвор, а во декември, по преговорите меѓу американската и руската страна, беше заменета со осудениот руски трговец со оружје – Виктор Бут.

Осумкратната Ол-стар кошаркарска ѕвезда по 294 дена беше пречекана во Америка од партнерот и семејството и се уште се враќа во форма.

Поради ова таа не беше со репрезентацијата на САД од 6 до 9 февруари, но сепак останува во игра за Олимпијадата во Париз.

Гринер била во Русија бидејќи во Екатеринбург добивала милион долари годишно, а ја напуштила ВНБА поради поголемата плата од таа страна на океанот.

Нејзината сопруга Шерел зборуваше за тоа, наведувајќи дека Гринер не сакала да оди надвор од Америка, туку дека WNBA едноставно не обезбедува соодветен приход.

Во 2013 година, Гринер беше избрана за прв пик токму од Феникс, за кој ќе игра најмалку една сезона, а од клубот велат дека едвај чекаат да ја видат во акција и натпреварувачки предизвици.

Слични содржини