По 11-годишна пауза, Софија Лорен повторно во филм

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанската актерка Софија Лорен се враќа на филм по 11-годишната пауза. 86-годишната актерка ќе игра во драмата на Нетфликс The Life Ahead, во режија на нејзиниот син Едоардо Понти.

Софија ќе ја толкува мадам Роза, Еврејка, која откако го преживеала холокаустот, се грижи за децата на починатите сексуални работници со кои некогаш работела на улиците, пишува „Гардијан“.

Филмот ќе има премиера во октомври во Рим, а потоа ќе биде достапен на Нетфликс.

Лорен изјавила дека „ја зграпчила шансата“ да ја игра Роса, која ја потсетила на нејзината мајка.

Претходно има работено со нејзиниот син двапати. Последен пат во Between Strangers во 2002 година.

 

Слични содржини