207
Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари информираше дека општината ќе ги поддржи со по 1.500 денари сите семејства кои годинава имаат прваче.
-Се надеваме дека со оваа мерка ќе придонесеме родителите полесно да ги надминат трошоците за подготовка на нивните деца за на училиште, нагласи Таравари.
Помошта ќе биде дистрибуирана во координација со јавните училишта од градот Гостивар.