Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија, денеска ќе ја накитат новогодишната елка во водите на Охридското Езеро.

Традицијата за поставување на елката во водите на езерото започна пред 16 години и претставува вистинска атракција.