По 23 години брак, холивудската двојка Кевин Бејкон и Кира Седгвик дознале дека се далечни роднини, а до ова откритие дошле случајно пред неколку години – гостувајќи во емисијата „Finding Your Roots“ која се занимава со проучување на познатите семејни стебла.
Водителот на емисијата, Хенри Гејт Луис, покажа ДНК докази кои илустрираат дека Кира Седгвик и седум години постариот Кевин Бејкон се роднини во девето колено.
Зборувајќи за откритието, Кира призна дека целото искуство било „малку шокантно“. Сепак, тие добиле објаснување дека оваа појава е многу почеста отколку што се мисли. Всушност, ако двајцата партнери имаат француско-канадско потекло или колонијални американски корени – големи се шансите тие да се братучеди.
Тие двајца се венчаа во 1988 година, кога Кевин имаше 30 години, а денес имаат две деца и важат за еден од најстабилните холивудски парови.
„Таа е љубовта на мојот живот, веднаш го знаев тоа. Но, кога таа дојде во мојот живот, мојата кариера беше на дното. Меѓутоа, љубовта се случи и се родија нашите деца, а понудите за филмови конечно почнаа да се појавуваат“, раскажа Кевин своевремено за Кира, која ја запозна на снимањето на филмот Lemon Sky.
Двајцата глумеа во четири филма заедно, вклучувајќи ги The Woodsman и Loverboy.