Актерот Дон Чидл веќе е женет човек, објави „Холивуд репортер“.
56-годишниот актер, познат посвојата улога во „Железниот човек“ во епизода од шоуто на Елен Деџенерис, каде гостинка-водителка беше Ванда Сајкс, потврди дека за време на пандемијата се оженил со својата партнерка Бриџит Култер, со која е заедно 29 години.
На почетокот на годината, актерот објави фотографија од Култер на социјалните мрежи со хаштагови навестувајќи дека таа е негова сопруга.
Сајкс не го криеше изненадувањето од веста, бидејќи сметаше дека двајцата биле семејство долго време, по што се извини за нејзината реакција. Како одговор, Чидл рече дека ја разбира збунетоста затоа што тој и неговата сопруга биле заедно скоро три децении пред да стапат во брак.
Дон Чидл и Бриџит Култер се пар од 1992 година и имаат две ќерки – 26-годишната Ајана и 24-годишната Имани.
Чидл го игра Џејмс Роудс / Воената машина во филмскиот универзум Марвел. Новата инкарнација на актерот во ликот е во серијата „Соколот и зимскиот војник“ на стриминг платформата „Дизни +“.