Секое новороденче во општина Бутел ќе добие еднократен паричен надомест во износ од 5.000 денари.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази задоволство и истакна дека предизборното ветување за финасиска поддршка од 3.000 денари за новороденче, се исполнува со зголемување на помошта, во износ од 5.000 денари.
– Локалната самоуправа за првпат обезбедува средства во износ од 5.000 денари, како резултат на домаќинска работа и менаџирање на буџетот. Финансиската поддршка за секое новороденче е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и заложба на градоначалникот за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. Покрај тоа, локалната самоуправа инвестира во инфраструктура која ќе ја подобри иднината на секое дете – се градат две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а наскоро ќе започне изградба на нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1. Општина Бутел гради и создава услови за иднина за секое семејство – се неведува во соопштението од Општина Бутел.