По 50 години откриена ПРИЧИНАТА за СМРТТА на Брус Ли: Се шпекулираше дека бил убиен од љубовницата

од Nikola Popovski
511 прегледи

Поминаа речиси пет децении откако Брус Ли не напушти, а лекарите сега тврдат дека ги откриле вистинските причини за неговата ненадејна смрт.

Познатиот актер и мајстор за боречки вештини почина на 32-годишна возраст, на 20 јули 1973 година.

Веста за неговата смрт брзо се прошири низ светот, а лекарите врз основа на обдукцијата дошле до заклучок дека тој починал од оток на мозокот.

Како причина е наведено дека е земање на одредени лекови против болки, а не требало долго време за да почнат да кружат различни теории за неговата смрт.

Откако фотографиите од неговото отечено лице станаа јавни, набрзо почнаа да кружат теории на заговор. Некои тврдеа дека е отруен, а како главен виновник ја наведоа тогашната љубовница. Други тврдеа дека го убиле кинески гангстери, а суеверните отишле чекор понатаму велејќи дека го убило проклетство.

Сега 49 години по неговата смрт, истражувачите ги разгледале доказите и заклучиле дека Брус најверојатно починал од хипонатремија.

„Со други зборови, велиме дека бубрегот не можел да го исфрли вишокот вода и затоа Брус Ли умрел“, напиша тимот на експерти во „Clinical Kidney Journal“.

Според студијата, Брус имал повеќе фактори на ризик за хипонатремија, вклучувајќи пиење големи количини течности, употреба на канабис, кој ја зголемува жедта и исполнување други услови кои ја намалуваат способноста на бубрезите да функционираат, како што се употребата на дрога и алкохол.

„Ние претпоставуваме дека Брус Ли починал од специфична форма на бубрежна дисфункција: неможност да се излачува доволно вода за да се одржи хомеостазата на водата, која главно е тубуларна функција. Тоа може да доведе до хипонатремија, церебрален едем (оток на мозокот) и смрт во рок од неколку часа, ако прекумерното внесување вода не се совпадне со уринарна екскреција на вода, што е во согласност со временската рамка на смртта на Ли“, се заклучува во студијата.

Фото: Rights Managed / Mary Evans Picture Library / Profimedia

Слични содржини