За четири хороскопски знаци започнува период на преродба и ги очекува вистинска среќа и успех. По годините поминати во страдање поради неповолниот распоред на планетите и ѕвездите во нивниот хороскоп, дојде времето да бидат наградени. Имено, планетата Уран, која симболизира ненадејни подвизи и бунт против старите навики, полека излегува од знакот бик, каде што се наоѓа уште од 2018 година.
Овој седумгодишен циклус донесе многу потреси, промени и предизвици, а одредени хороскопски знаци посебно беа на удар. Сега конечно ги очекува посветла иднина.
Дознајте кои хороскопски знаци ќе му бидат миленици на универзумот во наредниот период, а еве што им предвидува хороскопот…
Лав
Последниве години лавовите поминуваа низ големи промени во кариерата, животните цели и сликата за себе. Уран им ја сруши старата претстава за тоа што е успех, но со тоа им постави и темел за нешто ново, засновано на автентичност. Летото 2025 им носи јасност. Самодовербата ќе им се зголеми, ги очекуваат признанија, а внатрешниот компас ќе ги води кон успех. Веќе нема да чувствуваат потреба да се докажуваат, бидејќи ќе знаат кои се.
Бик
Претходниве години биковите поминуваа низ длабоки внатрешни пресврти, надворешни промени и постојани приспособувања. Уран во нивниот знак им ја сруши рутината и ги натера да ја напуштат удобната зона. Но сега кругот се затвора. Во втората половина од годината ќе почувствуваат внатрешен мир, односите ќе им станат постабилни, финансиската сигурност достижна, а кариерата појасно насочена. Тоа не значи враќање кон старите навики, туку трансформирање во прероден, позрел бик, кој знае да создаде стабилност и среде промени.
Скорпија
Скорпиите од 2018 година се соочуваат со длабоки промени во односите – партнерските и семејните. Опозицијата на Уран им предизвика ненадејни прекини, промена на динамиката и емотивни потреси. Сега влегуваат во фаза во која односите веќе нема да бидат на тест, туку простор за вистинска поврзаност. Љубовта ќе добие нова длабочина, пријателствата ќе станат поискрени, а семејството извор на разбирање. Тој мир е резултат на вашата внатрешна трансформација и е сосема заслужен.
Водолија
Со овој знак владее токму Уран, што значи дека изминатите години особено силно го чувствувал неговото влијание. Семејните тензии, емоционалната дистанца и непредвидливите конфликти го имаат разнишано нивното чувство на внатрешна сигурност. Но сега работите се смируваат. Следува период на градење поврзаност, не преку дистанца, туку преку разбирање. Ќе создадат дом што нема да почива на правила, туку на емоционална искреност. А токму тоа е темелот на трајниот мир.