По 92 проценти изброени гласови: Кои партии влегуваат во бугарскиот парламент, а кои извисија?

од Nikola Popovski

Бугарската централна изборна комисија (ЦИК) ги објави своите податоци за 92,95% изброени гласови. Според тоа, шест партии се очекува да влезат во 45-то Национално собрание.

ГЕРБ на актуелниот премиер Бојко Борисов добиле 26,02 проценти од гласовите, партијата „Има таков народ“ со 17,91 процент, потоа „БСП за Бугарија“ има 14,96 проценти од гласачките ливчиња, „Демократска Бугарија (ДБ)“ – 9,63 проценти; ДПС – 9,97 проценти, „Исправи се! мафијата надвор!“ – 4,81 процент.

Под потребниот цензус од 4% се ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов со 3,65%, БНО со 3,01%,„Републиканците за Бугарија “ со 1,24%“

„Има таков народ“ (30,75%) и ДБ (17,56%) освојуваат најмногу гласови од гласовите во странство.

Четири дена по денот на изборите, т.е. до четврток, ЦИК мора да објави распределба на местата, а пратениците во 45-тото национално собрание треба да бидат во рок од една недела.

Досегашниот премиер Бојко Борисов на помалите партии кои ќе влезат во Парламентот им понуди составување експертска влада.

„Ви предлагам мир. Ајде да ангажираме експерти и до декември да преземеме одговорност за да ја совладаме пандемијата со цел да тргнеме повторно напред“, изјави синоќа Борисов по изборите.

Слични содржини