Познатиот готвач и телевизиска ѕвезда Џејми Оливер планира да отвори нови ресторани ширум светот, само шест месеци откако, поради лошо раководење, беше приморан да ги затвори повеќето објекти во Велика Британија.
Од Џејми Оливер групацијата соопштиле дека во план им е да отворат 21 нов ресторан „Џејми Оливер“ до крајот на 2020 година. Најмалку два од нив ќе бидат од типо за „опуштен ручек“ и ќе го носат името „Џејми Оливер кичен“.
Предходно компанијата била приморана да ги затвори повеќето ресторани во Велика Британија, а 1.000 вработени останале без работа.
Оливер тогаш изјавил дека му е жал поради се тоа што се случило.
Меѓутоа, иако британскиот дел на групацијата пропаднал, меѓународните бизниси продолжиле. Во рамките на групацијата во 27 земји работат 70 ресторани, од кои сите се водат како франшизи.
Првите два нови ресторани ќе бидат отворени на Бали и во Банкок до крајот на ноември.
Дванаесет нови ресторани ќе бидат отворени наредната година под разните имиња на брендот, вклучувајќи и „Џејмс италијан“, „Џејми Оливер пицерија“, „Џејмиз дели“ и „Џејми Оливер дајнер“.