269
Главната расправа за „Моќник” предвидено да се одржи денеска се одлага по барања на јавниот обвинител кој го застапува овој случај. Како што информираат од Кривичниот суд Скопје, следното рочиште за овој предмет е закажано за 14 јули.
„Моќник“ е случајот што го отвори Специјалното јавно обвинителство за основаното сомнение дека под влијание на моќен пратеник, по багателна цена се распродавал општински имот во Македонски Брод за негови блиски роднини.
Истрагата во случајот Моќник се води против 13 лица, а сомнението е дека е нанесена штета од околу 50.000 евра.
Во случајот, меѓу другите, се осомничени тогашен пратеник, неговиот татко и градоначалникот на општината Македонски Брод.