При подготовката за пристапувањето на Крим руските власти не се интересирале од позицијата на Министерството за финансии и какви се очекувањата за влијание врз руската економија. Решение за такви прашање може да носи само еден човек – претседателот. Тоа го вели во интервју за Forbes Woman Татјана Нестеренко, прв заменик-министер за финансии во Руската Федерација.
За да се одговори на прашањето, сепак “адекватна ли е цената на овој чин или не, мора да се знае многу”, вараќ Нестеренко на прашањето да го коментира чинот на анексија од економска гледна точка. Според неа, во Министерството за финансии имаат ограничено ниво на информираност и надлежности.
“Јас секогаш поаѓам од библиската вистина дека има човек кој ќе ја преземе на себе оваа мисија. Тој располага со целосна информација и презема целата одговорност од тоа”, наведува финансискиот заменик-министер.
Според мислењето на Нестеренко направените чекори можат да бидат земени како решение за акција само од еден човек. “Го познавам претседателот и можам да кажам – тој не носи избезумено решенија”.
По пристапувањето на Крим кон Руската Федерација експертите дискутираат за огромни загуби и финансиска неможност да се задржи економијата на Крим и Севастопол. Владата донесе одлука, овој регион да добива од федералниот буџет до 2017 година околу 50 милијарди рубљи во вид на дотации, за да го балансира својот буџет годишно. Освен тоа, во рускиот буџет беа поставени и околу 35-40 милијарди рубљи годишни неинвестиционни трошоци за Крим. Обемот на финансирање на федералната целна програма за развој на Крим и Севастопол се очекува да надмине 700 милијарди рубљи.
Министерот за финансии, Антон Силуанов повеќепати признава дека обемот на финансирање на федералните целни програми за Крим и Севастопол ги надминува можностите на рускиот буџет.
Коментирајќи ја тешката економска криза во Русија, Нестеренко уверува дека во моментов Министерството за финансии, по првичниот шок, се адаптира на новите услови, но “причините за кризата се познати и сите ризици се дискутираа порано”.
“Руските власти имаат план, дури и со неколку различни планови за извлекување на земјата од кризата”, објаснува Нестеренко.
