По болната борба за деца и пари, конечно финализиран разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Џо Џонас и Софи Тарнер го финализираа разводот по едногодишна битка.

Според правните документи објавени од ТМЗ, парот постигнал договор за развод. Условите на договорот се доверливи, но претходно беше откриено дека Софи (28) и Џо (35) сето ова време се обидувале да се договорат за старателство над децата и поделба на имотот.

Ѕвездата на „Игра на тронови“ и пејачката се венчаа во 2019 година и заедно имаат две ќерки: Вил (4) и Делфина (2). Тие беа во брак четири години.

Џо поднесе барање за развод во септември 2023 година, а не долго потоа насловите на таблоидите беа исполнети со детали за нивната прилично мачна битка за старателство и пари. Најголем дел од проблемите се однесуваа на тоа да се договорат каде ќе живеат нивните деца. Софи сакаше да ги однесе девојчињата во нејзината родна Велика Британија, додека Џо инсистираше тие да останат во САД.

Се отишло дотаму што Софи во еден момент го пријавила Џо за „киднапирање“, а тоа откако накратко се договориле. Но, се чини дека сега работите се решени, а според американските медиуми децата дел од годината ќе живеат со мајка си, а дел со татко им.

Слични содржини