Европската унија (ЕУ) е решена да покаже дека не е склона на попусти за Велика Британија по референдумот за Брекзит. За целта Брисел се подготвува да ја убеди Швајцарија дека ќе го изгубат пристапот до единствениот пазар, ако влезат во акција плановите за ограничување на слободното движење на граѓани на земјите членки, пишува “Гардијан”.
Преговорите меѓу Брисел и Берн се во тек веќе две години и е најверојатно во следните недели ќе дојде до решение, пишува весникот. Проблемите тука се исти, кои ќе произлезат при излегување на Британија од ЕУ – до кој степен Лондон ќе треба да овозможи слободно движење на граѓани на земји-членки, за да го адржи пристапот до единствениот пазар.
Швајцарија сака да постигне договор што е можно побрзо, за да има владата време да ги измени потребните закони. Крајниот рок за нив е февруари 2017 година, откако на референдум во 2014 година Швајцарците гласаа за ограничување на имиграцијата од ЕУ.
Скандал со Трамп: Милијардерот сурово ги коментира распитите на Хилари во ФБИ
Поранешниот лидер на радикалните либерали Филип Милер изјави во неделата дека заканата од Брекзит треба да служи како предупредување за Швајцарците во позадината на знаците дека преговорите меѓу Брисел и Лондон ќе бидат врзани со ограничувањето на миграцијата. Според Милер може да се остави Швајцарија еднострано да изготви решение, според кое миграцијата може да биде контролирана во одредени сектори на економијата, ако со Брисел биде постигната согласност дека во овие области невработеноста е многу над просекот. Политичарот призна дека во моментов ЕУ и Швајцарија не наоѓаат многу допирни точки.
Предложената од Берн компромисна варијантаја предвидува можноста да можат да се наметнат квоти за мигранти, кога невработеноста во даден економски сектор или регион на земјата ќе достигне нивоа над просечните за Швајцарија. За тоа може да следи заедничка комисија на Швајцарија и ЕУ.
Не е познато дали овој предлог ќе му се допадне на Брисел, кој држи многу на зачувувањето на слободата на движење. Некои политичари во Швајцарија нудат Владата да распише нов референдум за миграцијата.
Пристапот на Швајцарија до европските и светските пазари е високо зависен од ЕУ, што ја става земјата во неповолна позиција за преговори . Недостатокот на решение за прашањето со мигрантите им се заканува стотици билатерални договори меѓу Берн и Брисел и создава опасност од санкции.
Преговорите требаше да бидат обновени минатата недела, но беа одложени по одекот од референдумот во Британија. Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Мартин Шулц објасни дека “во светлината на преговорите за Брекзит слободно на движење на луѓе сега игра поголема улога”.
56% од извозот на Швајцарија е наменет за ЕУ.
