206
Јирген Клоп најави повлекување од Ливерпул на крајот на сезоната, а неговиот тим во моментов не игра најдобро бидејќи им преостанува само во Премиер лигата да се натпреварува.
Фаворит за наследник на Јирген Клоп беше Чаби Алонсо, но од тоа нема ништо бидејќи одличниот Шпанец најави дека ќе остане во Леверкузен и следната сезона, а Рубен Аморим, тренерот на Спортинг, одеднаш ја зазеде пол-позицијата.
Аморим, кој оваа сезона со Спортинг најверојатно ќе ја освои титулата во Португалија, е првата желба на Вест Хем за следната сезона, како што соопшти „Атлетик“.
Според овој весник, Вест Хем ја видел својата шанса бидејќи се намалуваат шансите Аморим да го преземе Ливерпул и клубот од „Енфилд“ ќе тргне по некои други опции.