По Чарлс, Вилијам и Кејт Мидлтон, сега Камила се повлекува од службените обврски

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Кралицата Камила ќе оди на еднонеделен одмор бидејќи се исцрпила од јавните обврски откако беше објавено дека кралот Чарлс боледува од рак.

Нејзиното височество има чист распоред и утре ќе полета со приватен авион на одмор, а ќе најде време и за своето семејство во наредните недели.

Седумдесет и шестгодишната кралица ги презеде повеќето службени должности на болниот крал, чија опасна дијагноза беше објавена минатиот месец.

Таа се појави на дури 13 настани откако беше објавена дијагнозата на кралот, но и продолжи со својата работа. Меѓу другото, таа ја посети лондонската куќа Гросвенор на Денот на вљубените и настан посветен на Вилијам Шекспир.

Таа ќе се врати на 11 март кога се закажани прославите на Комонвелтот во Вестминстерската опатија, каде што ќе го претставува кралското семејство додека кралот ќе испрати видео порака.

Кралицата остана последна од достапните членови на кралското семејство, а сега ќе ја нема некое време.

Слични содржини